За оние кои користат оптимално и оние кои сакаат максимално, водечкиот производител на масла и мазива на пазарот на БиХ, OPTIMA Grupa Бања Лука која работи во рамките на Nestro групацијата, во соработка со агенцијата McCann Сараево, го претстави новиот визуелен идентитет на моторните масла Optima и Maksima, произведени во Рафинеријата за масло Модрича.
Првата задача на агенцијата била изработка на креативи за принт материјалите кон крајот на 2015 година, за да оваа година McCann Сараево во соработка со Knap студиото креира ТВ спот и радио реклама, со кои и во електронските медиуми успешно се претставени новите пакувања.
Кога најмодерната технологија на производвтво се соедини со 60 годишно искуство и традиција настанува вистински квалитет, е пораката на рекламната кампања со која се укажува на силата, вредноста и квалитетот на моторните масла кои на пазарот може да се пронајдат во нови пакувања, а тоа се Optima моторните масла за патничките автомобили и Maxima моторните масла за програмата на товарни возила.
Nestro – classics во нов облик, е девизата со која се сака да се потсети на долгогодишниот докажан квалитет и примат во производството на моторни возила, кое во модерно пакување го следи духот на времето, почитувајќи ги поранешните вредности.
„Визијата на Nestro групацијата е во областа на производството на моторни масла, мазива и функционални течности, на пазарите од замјите на бивша Југославија, повторно ја завземе позицијата која и припаѓа – позицијата на лидер. Преку овај проект кој им го доверивме на агенцијата McCann Сараево, мислам дека направивме голем исчекор кој нас не` води во посакуваната насока“, изјави Rada Moravac, водечки специјалист во Управата за маркетинг на Optima Grupа.
Со оглед на интенцијата, со долгогодишниот углед и препознатливиот имиџ на своите членки да оствари позначајно зголемување на пазарниот удел во земјите на регионот, Nestro групацијата одлучи оваа година да направи и чекор понатаму и да претстави нов визуелен идентитет на Nestro бениските станици.
Повторно проектот е доверен на тимот на агенцијата McCann Сараево пред којшто била нова задача; да се креира ТВ спот со кој се најавува новиот изглед и понуда во склоп на Nestro малопродажната мрежа.
Подобар амбиент за оние кои патуваат како и за оние кои фантазираат додека патуваат, е пораката на ТВ спотот кој има за цел да допринесе за уште позначајно позиционирање на членовите на Nestro групацијата на регионалниот пазар на нафтени деривати, на кој се присутни повеќе од 60 години.
„Широка лепеза на услуги, повисоко ниво на квалитет и сето тоа заокружено, попривлечен и попријатен амбиент, беше основната насока при креирањето на новиот визуелен идентитет на бензиските станици Nestro. Во соработка на агенцијата McCann Сараево, на купувачите успешно им ја претставивме нашата визија во иднина, а лојалноста на купувачите на Nestro брендот ни дава за право да веруваме во исправноста на нашата стратегија за развој“, изјави Saša Kremenović, главен специјалист во Управата за маркетинг на Optima Grupe.
„Драго ни е што остваривме успешна соработка со групацијата која бележи најголем промет на пазарот во БиХ. Младиот маркетинг тим на оваа групација, со одговорни и лидерски размислувања за пазарот, се покажа одличен за соработка. Мислам дека успешно ги реализиравме доверените задачи за лансирањето на новите пакувања, како и ТВ спотот за ребрендинг, кој моментално се емитува на телевизиите во БиХ, а со кој се најавува новиот изглед и новата понуда на Nestro Petrol бензиските пумпи. Очекувам дека и на идните проекти ќе ја покажеме нашата креативност и помош, нашите партнери да ја потврдат својата позиција на пазарот на нафтените деривати, а и пошироко“, изјави Edin Hrenovic, Account Director на McCann Сараево.
Видео спотовите можете да ги погледнете на:
Моторните масла
Nestro пумпи