Проблемот со сајбер безбедноста, односно безбедноста на корисниците на интернет од година во година е се` поголем. Веќе не е доволно само да бидете внимателни при пребарување на интернет страниците или да имате инсталирано антивирусна програма. Во денешниот свет неопходно е да се биде и едуциран.
Податоците Евробарометар од 2017 покажаа дека корисниците во Хрватска недоволно се грижат за заштита на своите податоци, сметаат дека “нема да ги хакираат токму нив”, но и дека им недостига едукација за безбедно користење на интернет.
Со цел да ја подигнат свеста на јавноста за важноста на сајбер безбедноста и да поттикнат на одговорно користење на интернетот, Хрватската академска и истражувачка мрежа (CARNET) заедно со агенцијата Señor, започнаа национална кампања “Хрватски наивци“.
Како што објаснуваат од оттаму, интернет корисниците се самоуки во снаоѓањето во онлајн просторот, а хрватските наивци се луѓе кои благодарение на нивната наивност станале жртви на интернет измами и се неоправдано доверливи.
Затоа, оваа кампања сака да ги охрабри да научат како да располагаат со сопствените податоци и безбедно да сурфаат на инернет.
Така, сите оние кои се заинтересирани можат на веб страната на naivci.hr, да ги “откријат” големите “интернет наивци“, да ги прочитаат нивните приказни и да се информираат за различните ризични однесувања на интернет, како на пример употребата на едноставни лозинки или непроверени извори на информации.