ACT Responsible ја организираше 19-тата по ред изложба на кампањи наречена “Great ads for good” со која се промовираат кампањите креирани за добри цели, а меѓу нив е и кампањата “Доктори суперхерои“.
Изложбата брои 62 кампањи кои доаѓаат од 50 агенции од 26 земји за 55 огласувачи и ги слави одличните кампањи создадени оваа година од страна на рекламната заедница за поддршка на добри цели.
Кампањата „Докотори суперхерои“ е создадена како дел од глобалната кампања на McCann, „Ви благодариме, доктори“. Светската и домашната јавност одушевено реагираа на решенијата на агенцијата McCann Белград, која на едноставен начин ги претстави лекарите во улога на суперхерои. Кампањата од Белград патуваше низ целиот свет, а нејзиното идејно решение ексклузивно беше објавено на специјалните насловни страни на магазинот „Неделник“.
Отворено е и гласање за најдобрите кампањи, кое ќе трае до септември. Ве повикуваме да им дадете глас на нашите доктори суперхерои и со тоа да дадете глас на креативноста и нестандардните идеи на следниот линк: https://www.greatadsforgood.org/campaign/thank-you-doctors/