Кампањата на агенцијата McCann Белград „Ви благодариме, доктори“ го освои светското признание ACT Responsible, кое го доделува меѓународната непрофитна организација поврзана со Одделот за јавни информации на Обединетите нации (UNDP). Годинешната изложба „Great ads for good“ беше отворена за време на виртуелниот меѓународен фестивал на креативност Cannes Lions, а признанијата беа доделени врз основа на гласовите на публиката во 5 категории: животна средина, солидарност, човекови права, образование и КОВИД 19 кампањи.
Кампањата „Ви благодараме, доктори“, која го привлече вниманието на светската и домашната јавност, како и поддршката на престижниот магазин Неделник во форма на креирање на специјални насловни страници, овој пат е наградена и на меѓународно ниво.
„И во ова, како и во секое друго време, моќта на креативноста лежи во нејзиното значење, а значењето како такво – сега е најпотребно. Ситуацијата во која многу позиции во медиумите беа слободни, ја инспирираше иницијативата за благодарност и поддршка на лекарите, која беше спроведена во многу земји во Југоисточна Европа. Го ставивме нашето знаење, талент, дизајн и мисла во служба на нешто поголемо и затоа сме многу среќни. После специјалната награда на фестивалот BalCannes, наградата New Normal – Извонреден лав за извонредни околности, ова признание им го посветуваме на сите доктори и здравствени работници во нашиот регион, како израз на длабока благодарност за нивните напори“, изјави Јана Савиќ Растовац, извршен креативен директор на агенцијата McCann Белград .
Од повеќе од 1.000 кампањи идентификувани оваа година, на изложбата е прикажана колекција од 62 кампањи креирани од страна на 50 агенции од 26 земји за 55 огласувачи, на дигитална платформа која сè уште е достапна на greatadsforgood.org
Низ целиот регион, McCann и UM, членови на Групата I&F, како и нивните медиумски партнери, ги исполнија истовремено улиците на Белград, Загреб, Сараево, Подгорица, Тирана и Скопје со креативни решенија, пораки за поддршка, благодарност до лекарите и медицинскиот персонал и многу потребниот оптимизам во поглед на иднината.