Московската агенција за огласување на камиони ADVTruck.ru ненамерно предизвика над 500 сообраќајни инциденти, со 30 камиони кои целосно ги брендирала со фотографија со женски голи гради, минимално прекриени со написот “Тие привлекуваат“, со која сакала да го испромовира просторот на кампионите како место за огласување.
Агенцијата сакала да докаже колку многу луѓе го забележуваат местото за реклама од двете страни на подвижните камиони.
Врз камионите се наоѓа голема слика на гола жена која ги држи градите, како и натписот „Тие привлекуваат”. За среќа или за жал, рекламата навистина привлекувала. Возачите на московските улици се загледувале по градите од рекламата наместо да внимаваат во случувањата на патот пред нив.
Од полицијата известуваат за 517 патни инциденти поради рекламата за помалку од 24 часа. Рускиот бизнисмен Илдар Ириев е еден од многуте кои настрадале од несреќната реклама. „Патував на еден деловен состанок, кога видов камион со огромна слика на женски гради да минува покрај мене. Потоа бев удрен од автомобил одзади, а возачот рече дека се е отсутно од рекламата”.
Портпаролот на Агенцијата ADVTruck.ru се извини за инцидентот, велејќи дека компанијата ќе ги покрие штетите на возачите, кои не се покриени со нивното осигурување.