Како поддршка на иницијативата Global Citizen, „Гугл“ лансираше кампања за подигнување на свеста и охрабрување на учеството во образовните нарушувања кои ги преживуваат децата.
Кампањата која је креираше агенцијата BBH, како дел од годишната програма Global Lighthouse Partnership, има за цел да помогне во започнувањето активности поврзани со целите на Глобалниот план за закрепнување на граѓаните, кој вклучува враќање на децата во училниците, обезбедување храна за сите и посветеност на зачувување на нашата планета до 2030 година.
Видеото, во режија на Клео Самолес-Литл, се фокусира на нарушувањата во образованието заради пандемијата на Ковид-19 ширум светот. Гледачите можат да видат две училници, едната е напуштена која е срушена од булдожер, а другата останува недопрена.
Самото видео завршува со реченицата: „Преземете акција и станете глобален граѓанин“.
„Како креативци, ние се обидуваме да најдеме можности за нашите дела да прават добро“, рече Фелипе Гуимареш, креативен директор на агенцијата BBH. „Понекогаш едноставно сме среќни да добиеме клиенти и брифови чие барање е идејното решение да има позитивно влијание врз светот. Ова беше еден таков клиент, тие сакаа да создадат моќно дело што им овозможува на луѓето да преземат акција и да помогнат во решавањето на проблемите на денешниот свет. Веруваме дека имаме такво нешто“.
Во меѓувреме, во својство на партнер за изведба, компанијата Jellyfish креираше медиумска кампања заснована врз идентификување на публиката која најмногу се грижи за кризата во образованието и која најверојатно ќе се пријави преку алатките на Гугл.
„Брендовите играат единствена улога во градењето на поправедно, поодржливо и поинклузивно општество, бидејќи приказните што тие ги раскажуваат можат да предизвикаат вистински промени и акција“, рече Бетани Пул, директор за маркетинг на Гугл. „Горди сме на соработката со организацијата Global Citizen и нашите глобални креативни и изведбени партнерски агенции, со кои би започнале активности за важни прашања кои влијаат на денешното општество.