Министерот за внатрешни работи на Италија Матео Салвини е лут поради пропагандната кампања на Мекдоналдс во Австрија
Веќе со денови во Италија се води дискусија за кампањата на Мекдоналдс во Австрија, која нуди бургери во италијански стил под мотото “За ненаситните мафијаши”.
Поради грешка во преводот на пораките од апликацијата на Мекдоналдс, на многу италијански корисници кои се најдоа во Австрија, наместо превод кој на германски јазик преку игра на зборови означува “ненаситни мафијаши“, на англиски им било преведено како”вистински мафијаши”.
Тоа налути многу туристи, како и министерот за внатрешни работи Салвини, кој се огласи преку Твитер.
Тој ја критикуваше кампањата, поставувајќи ја фотографијата од рекламата на Мекдоналдс, прашувајќи: “Дали сите Италијанци се мафијаши”?
Во својот твит тој направи една грешка, односно напиша дека се работи за реклама во Германија, што не е случај, бидејќи контроверзната реклама е наменета за австрискиот пазар.
Мекдоналдс веднаш реагираше на критиките, извинувајќи се за грешката во преводот и се откажа од пораките на англиски јазик.