Во рамките на фестивалот Денови на комуникациите, кој се одржа во Ровињ, доделени се наградите Effie и MIXX за најдобри агенции и огласувачи
На фестивалот Денови на комуникациите кој во Ровињ оваа година привлече рекорден број од 2200 посетители, доделени се наградите Effie и MIXX за најдобри ефикасни и дигитални кампањи во Хрватска во изминатата година.
За Effie, престижната награда за извонредно и ефикасно деловно комуницирање, конкурирале вкупно 51 проект, што е пораст од преку 40% во споредба со минатата година. Гранд При и златна награда Croatia Effie освоиле Загребачка пивара, со примарната агенција BBDO Загреб, медиската агенција Universal McCann и агенцијата Degordian за кампањата „Почешај ги со причина“. Загребачка пивара освоила и златен Effie за кампањата „Нашите места се закон“ со примарната агенција BBDO, медиската агенција Universal McCann и агенцијата Degordian. Златен Effie стигна и во рацете на Iskon Internet со примарната агенција Señor и медиската агенција Mediacom за кампањата „ I bogati plaču“.
Со сребро се наградени кампањите ” Donesi mi Domaćicu“ на компанијата Краш, со примарната и медиската агенција Real grupe и JoomBoos Videostar издавачката куќа 24 часа, агенцијата Projektil и рекламната агенција Imago.
Кампањите кои ова година однесоа бронза се „Rollover“ на Хрватски Телеком, со примарнта агенција McCann Загреб и медиската агенција MediaCom Central Europe Загреб, потоа кампањата „Osvoji Fiću u kafiću“ на Атлантик група, со примарната агенција Fahrenheit и медиската агенција Atlantic media, „Tko kaže da ne mogu. SA ZABOM MOGU“ на Загребачка банка и примарната агенција Real група и медиската агенција MediaCom Central Europe Загреб, „Božićna kampanja:Bijeg“ на компанијата Tele2, со примарната агенција Imago и медиската агенција Media Polis, „Shake&Take“ на компанијата Кока Кола Адриа, со примарната агенција McCann Загреб и медиската агенција Universal McCann, „Tvoje grlo je tvoja snaga“ на Krka-farme, со примарната агенција Imago и медиската агенција Mediacom Central Europe Загреб, „Signal White Now Glossy Chic“ на компанијата Unilever Хрватска и примарната и медиска агенција Mindshare.
Врз основа на слоганот „Идеи кои функционираат“, наградите Effie се доделуваат за најзначајните постигнувања во деловните комуникации врз основа на критериумот ефикасност, т.е. врз основа на успешниот поврат на средствата инвестирани во маркетинг кампањите.
Наградата MIXX „Best in show“ која се доделува за најкреативната и најефикасната кампања во онлајн огласувањето ја освои агенцијата Digitalist за кампањата Побарај спас во H1 за клиентот H1 Телеком. MIXX награда е доделена и во категоријата Brand awareness за кампањата – „Out Of Office Awards 2016“ на агенцијата BBDO Загреб и Grayling за Хрватската туристичка заедница.
Останати MIXX награди
„Fresh Island Festival Lead Generation“ на агенцијата Degordian за клиентот Fresh Island во категоријата „Direct Response And Lead Generation Campaign“, „SUPERTALENT 2016 – Više od TV show“ за агенциите Digitalist и Tellybug за клиентот Nova TV во категоријата Cross Media Integration Campaign, „Ožujsko Pivo Social“ на агенцијата Degordian за клиентот Загребачка пивара во категоријата „Best social“, „Voziona“ на агенцијата Unex Grupa за ORYX Група во категоријата „Best Branded Content“, „HRTMeteo“ на агенцијата SevenofNine за HRT во категоријата Best Mobile, „Erste moćne online usluge za poduzetnike “ на агенцијата 404 за Erste&Steiermärkische Bank во категоријата Best Media Strategy, „McDonald´s – Ljubav koja traje već 20 godina “ на агенциите OMD Media, Innovo DDB, Drap и Комуникациска лабораторија за Globalna Hrana – McDonald´s Хрватска во категоријата Best Media Strategy, „Lino.eu redizajn“ на агенцијата web.burza (Burza) за брендот Лино (Подравка) во категоријата Best Website, mHPB на агенцијата Infinum за Хрватска Поштенска Банка во категоријата Best Tech & Innovation.