Изминатиов викенд во рамки на Викенд Медиа Фестивалот се оддржа второто издание на BalCannes регионалната ревија на најдобрите маркетинг кампањи за изминативе 365 дена.
Од вкупно пријавени 82 кампањи на 50 агенции и 71 огласувач, од шест земји од регионов (Македонија, Србија, Хрватска, БиХ, Црна Гора и Словенија), жирито составено од уредниците на најрелевантните маркетинг медиуми од регионов (вклучително и авторот на текстов :) ) ги избраа топ 25-те кампањи од регионов водејќи се според 3 главни критериуми: 1-Оригиналност на креативната идеја, 2-Квалитетот на нејзината изведба и 3-Пазарна релевантност (резултати, успех на пазарот).
Македонските агенции McCann Skopje и New Moment-New Ideas со своите кампањи “Вински Бон-Тон“ односно “10 метри одвоени“ влегоа во топ 25-те најдобри кампањи од регионов.
Избраните кампањи во нареднава година ќе бидат достапни за преглед на веб сајтот на BalCannes каде секој огласувач ќе може да ја прегледа работата на топ агенциите филтрирани по земја од која доаѓаат и да одбере свој партнер за некои наредни проекти.
Во продолжение двете македонски кампањи кои оваа година влегоа во топ 25-те во регионов: