На предавањето “Маркетинг стратегија 2020“ закажано за 28.06. ќе научите како да ги освоите и задржите новите генерации потрошувачи кои што се се’ помалку лојални на брендовите, а бараат се’ повеќе од нив. На 10.06 во магазинот Капитал читајте го и интервјуто со Николас Кфури.
Николас Кфури, еден од најбараните светски предавачи и бизнис консултанти, на 28 јуни годинава, во М6 едукативниот центар, на македонската публика ќе ѝ ги презентира глобалните трендови што ќе го обликуваат маркетингот следниве неколку години и предизвиците со кои ќе се соочиме во “новото време”.
Капитал Медиа Груп во партнерство со Институтот “Концепт“ го организира предавањето на Др. Кфури именувано “Маркетинг стратегија 2020“, на кое што посетителите ќе дознаат како да ги освојат и задржат новите генерации потрошувачи кои што се се’ помалку лојални на брендовите, а бараат се’ повеќе од нив.
“Сега си имаме работа со генерации потрошувачи што се хипер – поврзани и го живеат животот претежно преку своите мобилни уреди. Овие потрошувачи се се’ помалку лојални на етаблираните брендови и ценат нешто што им пружа целосно искуство, а не само производи или услуги.“, вели, меѓу другото, Николас Кфури во интервјуто за Капитал што ќе оди во печатеното издание на 10.06 и каде што ќе може да прочитате повеќе за најновите маркетинг трендови.
Николас Кфури е сопственик и директор на консултантската фирма “Kfuri consulting” со седиште во Германија, советник на неколку влади во светот, како и на десетици корпорации, од кои што ќе ги спомнеме само Nestlé, Kraft Foods, Procter and Gamble; Phillips,IKEA, IBM, Microsoft, BMW, Audi…
Повеќе детали за предавањето на Николас Кфури во Скопје може да дознаете на следниов ЛИНК.