Платформата за вработување Kariera.mk организира еднодневна работилница насловена „Googlе адвертајзинг за вистински професионалци“, која ќе се одржи на 10 февруари 2023 година во Скопје.
Предавач на работилницата ќе биде Ече Озтурк Доган, директорка на платформата за маркетинг на Google во Турција.
Учесниците на настанот ќе имаат напосредна можност да добијат уникатно знаење поврзано со најактуелните теми за огласување на Google и да се запознаат со тоа како всушност функционираат рекламите на Google и каква ќе биде нивната иднина, вклучувајќи единствен увид во различните корисни алатки за стартап-компаниите, но и огласувачки решенија за големите и веќе етаблирани компании.
Оние кои ќе ги совладаат темите обработени за време на работилницата ќе се здобијат со титулата СЕРТИФИЦИРАН професионалец во оваа област.
Котизацијата за учество на работилницата изнесува 9.990 денари, без вклучен ДДВ.
Повеќе информации за настанот можат да се добијат на телефонскиот број 078 479 306.