Катарина Прибиќевиќ и Радојка Бошковиќ ќе работат заедно како директори на агенцијата McCann Белград. Ваквиот оперативен модел е невообичаен и редок во регионалната деловна практика, а со оваа одлука McCann ја потврдува својата определба и стремеж да биде синоним за компанија која работи во согласност со времето што доаѓа.
Двете се дел од тимот на агенцијата со години – Катарина речиси две децении, а Радојка повеќе од една деценија, усовршувајќи се и напредувајќи до водечките позиции. И двете уживаат доверба и углед, споделуваат исти вредности, успешно соработуваат на бројни проекти и со ентузијазам прифатија да го водат McCann Белград. Како директорки, тие ќе настапуваат единствено спрема клиентите и колегите и заеднички ќе бидат одговорни за успехот на целата агенција.
„Се радувам на предизвиците на новата функција, особено имајќи ја предвид соработката со долгогодишната колешка Катарина, со која ќе ги делам обврските и заеднички ќе ја извршуваме улогата на директори на агенцијата. Убедена сум дека нашето долгогодишно искуство, во тесна соработка со бројни клиенти и колеги, како и внимателното слушање на потребите на двете страни, ќе придонесе за успешни активности на двете полиња. Во оваа смисла, нашите деловни напори ќе бидат двојно фокусирани на негување извонредни деловни практики и резултати со кои заедно ќе се гордееме“ – вели Радојка Бошковиќ.
„Како дел од водечката креативна заедница во нашата земја, отсекогаш сме имале амбиција со креативни идеи да ја менуваме нашата средина, а тоа веќе го правиме со фокусирање на природната врска помеѓу стратешкото размислување и грижата за бизнисот на клиентите. McCann, каде што растев и се развивав како личност и професионалец, отсекогаш ме учеше колку е важна интеграцијата, како и луѓето кои ја сочинуваат. Затоа сум исклучително среќна што на патот пред нас, тргнувам токму со луѓето со кои растев и се развивав“ – додава Катарина Прибиќевиќ.
Заедно со тимот на агенцијата, Катарина и Радојка ќе работат на понатамошен развој на агенциските капацитети и иновативни услуги, по што се најпознати McCann Белград, креирајќи кампањи кои го менуваат општеството.