Февруари се смета за Меѓународен месец за подигнување на самодовербата, па по тој повод козметичкиот бренд L’Oréal Paris објави ново продолжение на својата глобална бренд платформа “Lessons of Worth” („Лекции за вредноста“).
Во суштина се работи за минималистички спотови во кои претставници на брендот, инаку познати личности сами по себе, даваат свое видување за самодовербата, самопочитта и женската еманципација.
Платформата оригинално беше лансирана во 2020 години со актерката Виола Дејвис, потоа во 2021 доби продолжение со Ева Лонгорија, а сега кон нив се приклучуваат актерките Кејт Винслет и Хелен Мирен, меѓу останатите.
Серијалот ќе биде емитуван во текот на целиот месец февруари преку сите онлајн канали на брендот, вклучувајќи ги Инстаграм, Фејсбук, Јутјуб, Твитер и ЛинкедИн.
Кампањата се реализира со помош на агенцијата McCann Paris.