Во пресрет на празничната сезона, американскиот моден бренд Gap ја лансираше својата нова рекламна кампања насловена “All Together Now” („Сите заедно сега“).
Ѕвездата на новата кампања на Gap е популарната американска пејачка Кети Пери, која изведува преработка на познатиот класик на Битлси – “All You Need is Love” („Сé што ви треба е љубов“).
Во едноминутниот спот ја следиме Кети Пери од нејзиното будење рано наутро, преку освежувањето со кафе, па сé до снимањето на музички спот како дел од нејзините дневни работни задачи – сето тоа проследено со соодветни одела понудени од Gap.
Како целина, кампањата одразува чувство на оптимизам, акцентирајќи ја важноста на љубовта, добрината и прифаќањето на различностите.
Кампањата била осмислена од глобалниот креативен директор на Gap, Лен Пелтиер, а режисер на спотот е Марк Романек.