Брендот за играчки LEGO ја објави својата, како што тие самите ја опишуваат, „најголема и најразиграна празнична кампања досега“, насловена “We invite you all to build a playful holiday!” („Ве покануваме сите да изградиме разигран празник!“).
Наместо совршени слики од снег, празнични гозби и отворени огнови, новата Божиќна кампања на LEGO прикажува група деца кои доставуваат подароци со помош на огромно и сосем необично возило кое тие го „дизајнирале“ со лего-коцки. Додека децата ја исполнуваат својата Божиќна мисија на доставување подароци, на врвот на возилото стои поп-ѕвездата Кети Пери која го изведува својот познат хит “Firework”.
„Во Lego Group, децата се нашите примери – тие нé инспирираат со нивната креативност, љубопитност и имагинација, па кому подобро да се обратиме за нашата празнична кампања? Нашата нова кампања е прослава на креативната моќ и оптимизмот што ги поседуваат децата. Тие гледаат бескрајни можности за игра и ни ја покажуваат разликата што играта може ја направи за светот додека тие поторно го градат на подобро. Сакаме да ги инспирираме луѓето од сите возрасти да им дадат приоритет на играта пред совршенството и да ослободат детска радост оваа празнична сезона“ – изјави Џулија Голдин, генерална директорка за производи и маркетинг на LEGO.
Кампањата е создадена од креативниот тим на LEGO со помош на продукциските компании Traktor и The Mill.