Американскиот пивски бренд Miller Lite ја започна новата година со нова маркетинг кампања насловена „Легендарните моменти започнуваат со Lite“, која го вклучува легендарниот холивудски актер Кристофер Вокен во главната улога.
Кампањата, создадена во соработка со креативната агенција Leo Burnett Chicago, се одвојува од носталгичните теми и се фокусира на охрабрување на луѓето да се среќаваат и социјализираат „во живо“. Преку серија на кратки рекламни спотови, Вокен го користи својот уникатен стил за да покаже како и најмали социјални настани можат да прераснат во незаборавни моменти.
Кампањата го адресира намалувањето на личните интеракции меѓу луѓето и има за цел да го промени овој тренд преку промоција на нови облици на однесување со едноставно кажување „да“ на заедничкото дружење.
Покрај спотовите кои ќе се емитуваат на телевизија и онлајн канали, платформата се проширува со активации и партнерства со креатори на содржини, вклучувајќи го лансирањето на Miller Lite Damp January Club, нудејќи награди како поттик за дружење на луѓето.
„Miller Lite знае една работа: најдобрите приказни не започнуваат сами од себе на вашиот кауч дома. Кристофер Вокен е тука да нè потсети дека изговарањето „да“ за да се дружиме на пиво е начин на кој се создаваат нашите најдобри спомени“ – посочува Адриано Матоc, глобален извршен креативен директор во Leo Burnett Chicago.
















