Колку вреди едно “Те сакам“? – МНОГУ! ….а во “Божиновски часовници и накит”, уште повеќе од “многу”!
Февруари е месецот на љубовта, кога го славиме и Валентајн – денот на вљубените, но љубовта е вечна и таа треба да се негува постојано. Едно “Те сакам” е искрата што ја негува љубовта и таа искра треба да бидеме храбри постојано да ја потенцираме и преку неа да споделуваме емоции, љубов и емпатија. Ова е една од пораките што од компанијата “Божиновски часовници и накит” сакаат да ни ја врежат и да ни ја направат вечна мисија !
Новата промотивна акција на “Божиновски часовници и накит” (ЛИНК) во месецот на вљубените предвидува дека секој клиент кој во некој од продажните салони ќе каже “Те сакам” некому, ќе добие соодветен попуст по проценка на продажниот персонал. Колку поискрено “Те сакам” – толку поголем попуст!
“Преку ваквиот потег сакавме да дадеме малку поинаква димензија на поимот љубов и да ја зачинеме со малку храброст која сме сигурни дека ја поседуваат нашите клиенти. Споделувањето на љубов треба да ни биде секојдневна рутина, а поимот љубов да го врзуваме со сите необични моменти, а не само со датуми како што е Валентајн“, изјавија од Божиновски часовници и накит.
Необичната размена на љубов ќе трае во текот на целиот месец и истата е дел од кампањата “Победи го времето, Живеј го моментот“.