Во средината на јули Coca-Cola во Македонија ја лансираше својата иновативна кампања под мотото #KажиСоПесна со која најомилениот безалкохолен пијалак во светот ќе стане уште позабавен за своите фанови.
Во текот на летото, Coca-Cola на своето лого ќе додаде музички стихови со цел да ги поттикне тинејџерите да се изразат преку музика.
Со поттикнување на тинејџерите да се искажат со песна, целта на Coca-Cola е да им помогне да ги ослободат своите емоции и да комуницираат едни со други преку моќта на музиката.
Преку партнерство со Universal Music, брендот избра стотици современи песни кои ќе бидат испишани на Coca-Cola и Coca-Cola Zero лименки и шишиња. Ова е една од најголемите кампањи во Европа со илијадници шишиња и лименки кои се дистрибуирани низ Централна и Јужна Европа.
Пред лансирањето беа подготвени етикети на кои се испишани стихови од класици како што е Don’t you forget about me, до сегашните хитови како што е Hey Brother од Avici.
Песните се избрани во согласност со клучните теми како што се среќата, пријателството, љубовта, училиштето и забавата, и се креирани за да побудат чувства кои потрошувачите ќе сакаат да ги споделат едни со други.
Кампањата исто така ќе има и може да се следи на веб страната www.kazisopesna.mk.
Секојa лименка и шише ќе имаат свој QR код кој потрошувачите ќе можат да го скенираат, а потоа и да ја слушнат песната чии стихови се наоѓаат на Coca-Cola,пред да ја споделат со своите пријатели.
Потрошувачите ќе бидат охрабрени постојано да ја посетуваат страната www.kazisopesna.mk, во текот на целото лето за да дознаат за настаните кои Coca-Cola ќе ги организира во нивна близина.