(РЕГИОН) – По четврти пат, во Љубљанската опера, на 2 февруари ќе биде оддржана манифестацијата “Outstanding” која ја организира Европлакат и на која ќе бидат доделени наградите за најдобрите креации во надворешното огласување.
За добитниците на наградите ќе решава жирито кое е составено од седум членови: Аљоша Багола од Пристоп (претседател на жирито), Инес Драм, претприемач од областа на огласувањето и консалтингот, Ивана Врвишчар, директорка на Краш комерц, Перта Крулц, извршна креативна директорка на агенцијата Греј Љубљана, Примож Видмар од Спар Словенија, Риналда Клеменчиќ од Абанка и Само Гершак, креативниот директор на Luna TBWA.
Претедателот на жирито, Аљоша Багола во пресрет на настанот изјави: “Како креативен фрик, надворешното огласување го сметам како свет медиум. Мојот прв плакат на денот на објавата отидов да го сликам и таа фотографија ја чувам до ден денеска. Награден бев со самото тоа што мојата идеја висеше на такви атрактивни површини, а кога плакатот уште беше и награден на фестивалите, бев на седмото небо. Од тогаш помина речиси 15 години, а јас сеуште надворешното огласување го ценам како креативен медиум. Затоа наградите “Outstanding“ , каде според критериумите за разбирање на законитостите кои го следат овој медиум, релевантноста на идејата и квалитетот на реализацијата, ќе пробаме да ги избереме победничките дела, не ги разбирам само како креативна наградиа туку и како потстрек за квалитативно поместување на надворешното огласување во иднина“
Повеќе информации за настанот можете да погледнете на http://www.outstanding.si/