За нешто повеќе од две недели доаѓа Хеловин, односно „Ноќта на вештерките“, празник кога еден добар дел од светската популација се облекува во страшни или помалку страшни костими со цел бркање на лошите духови.
Па, доколку некој се реши да се преправи во вампир или зомби, лажната крв е незибежен елемент од изгледот. Тука доаѓа улогата на кечапот како едноставна и евтина варијанта, а брендот Heinz со задоволство ја прифаќа таа функција.
Имено, брендот се реши да лансира специјална серија на својот кечап за американскиот пазар кој е брендиран како “Tomato Blood”, односно „Крв од домати“, а всушност во ништо не се разликува од обичниот кечап (содржински гледано).
„Ние веруваме дека доколку имате Heinz, имате костим!“ – гордо истакнува Ешли Гибсон, бренд директорка на Heinz.
За секој случај, доколку некој смета дека кечапот не е доволен, брендот лансира и специјални празнични пакетчиња кои содржат боја за лице, привремени тетоважи, вампирски заби и други додатоци, секако заедно со шише кечап.
Heinz исто така отвора и специјална поп-ап продавница во Лос Анџелес, каде фановите ќе може да купат ексклузивни производи со Хеловин-тематика и да започнат да го креираат својот костим за оваа година.
View this post on Instagram