Американскиот производител на храна Kellanova повторно ја избра медиската агенција Carat, дел од мрежата на Dentsu, за развој на медиумска, дигитална и податочна стратегија, планирање и закуп на европскиот пазар.
Одлуката следи по тримесечна ревизија и ќе се надоврзе на постојната 16-годишна соработка помеѓу Kellanova и Carat, уште еднаш потврдувајќи ја цврстината на нивното долгорочно партнерство и нивната заедничка визија за дигитална трансформација.
Заедно ќе се обидат да го забрзаат транформативниот процес на Kellanova, но и на нејзините иконични брендови како Pringles, Special K и Cheez-It, на вкупно 28 европски пазари, вклучувајќи ги Обединетото Кралство, Италија, Франција, Шпанија, Германија и Полска.
Kellanova истовремено ќе соработува со агенцијата Merkle, исто така дел од Dentsu, и тоа во насока на создавање нови дигитални искуства за потрошувачите на европскиот пазар.
„Баравме партнер кој ќе ни помогне да продолжиме да ја следиме нашата агенда за маркетинг трансформација, а во текот на процесот на ревизија, Carat ни влееја доверба дека тие би можеле значително да ја подобрат нашата способност во градењето поврзани искуства кои резултираат со промени во однесувањето на потрошувачите. Она што го прикажаа во однос на луѓето, податоците и технологијата беше импресивно. Со нетрпение очекуваме да го продолжиме нашето партнерство со нивниот тим“ – посочува Пол Хемфрис, генерален маркетинг директор на Kellanova за Европа.