Раперот Кендрик Ламар ќе биде главниот изведувач за време на полувременското шоу на најголемиот спортски и огласувачки настан на американскиот пазар, Супер Боул. Ова го објави Apple Music, кои го спонзорираат музичкото шоу веќе трета година откако долгогодишниот огласувач Pepsi се повлече.
Популарното финале на американскиот фудбалски шампионат ќе се одржи во февруари 2025 година на стадионот Caesars Superdome во Њу Орлеанс и ќе се емитува на телевизија Fox.
Ова ќе биде втор настап на Ламар на Супер Боул, откако во 2022 година беше гостин во прославата на хип-хоп културата што Др. Дре ја претстави на тогашното издание во Лос Анџелес. Организаторите се надеваат дека Кендрик Ламар ќе ја повтори магијата од тогашниот настоп, кој многумина го сметаат за еден од најдобрите во историјата на Супер Боул.
„Рап музиката до ден-денес продолжува да биде највлијателниот жанр во светот. И јас ќе бидам таму за да го потсетам светот зошто“ – истакна Ламар по објавувањето на веста, во изјава за магазинот Variety.