Брендот за брза храна KFC на шпанскиот пазар лансираше нов бургер, именуван како “La Infame” (во превод „Озлогласениот“), за кој тврди дека ни нивните конкуренти нема да можат да му одолеат.
Со тоа на ум, KFC лансираше нова кампања насловена „Задна врата“, со која ги кани сите вработени на своите конкуренти, вклучувајќи ги McDonald’s, Burger King и Domino’s, на 27 февруари да ги посетат нивните ресторани преку задната врата и бесплатно да го пробаат новиот бургер.
Имено, KFC воспоставиле „брза врска“ на бројот 900 711 117, на кој вработените на конкурентите можат да се јават и откако ќе го потврдат својот статус, да добијат повеќе детали за бесплатниот бургер кој ги чека.
Кампањата е проследена и со видео реклама во која популарниот Полковник Сандерс (заштитниот лик на KFC) седи на средината од долга маса во стилот на Тајната Вечера, опкружен со работници на конкурентските брендови кои чекаат да ја пробаат новата понуда.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција PS21.