(25.08.2020) – Брендот за брза храна KFC е препознатлив по својот слоган „It’s finger lickin’ good“ („Добро е, прсти да излижеш“), кој го користи веќе 64 години. Но, поради пандемијата на Ковид-19, во својата нова глобална кампања, брендот ги повикува фановите да го игнорираат овој слоган, барем додека трае пандемијата.
Главниот спот на кампањата прикажува монтажа од различни билборди и производи на KFC низ годините, меѓутоа делот од слоганот кој се однесува на лижењето прсти е цензуриран и останува само „It’s good“ („Добро е“).
„Тоа нешто што секогаш го кажуваме? Игнорирајте го, засега“ – се истакнува на крајот од рекламата.
Кампањата е дело на креативната агенција Mother London.