Брендот за брза храна KFC и креативната агенција Wieden+Kennedy Portland го создадова својот прв краткометражен игран филм, кој премиерно треба да се емитува на 13 декември на американската кабелска телевизија Lifetime.
Главна ѕвезда во филмот е актерот Марио Лопез, кој толкува заводлива инкарнација на полковникот Харланд Сандерс (заштитниот лик на KFC). Краткиот филм насловен „A Recipe For Seduction“ („Рецепт за заведување“) е всушнот замислен како пародија на сапунските телевизиски серии, исполнет со „мистерија, измама и валкани игри“.
Според објавениот трејлер, Лопез т.е. полковникот Сандерс е млад готвач со таен рецепт за поховано пилешко кој се впушта во неизвесна романтична авантура со ќерката на едно богато семејство. Меѓутоа, мајката на ќерката има други планови – да ја омажи за „посоодветен“ додворувач за нејзината социјална класа. И така почнува заплетот, чиј расплет ќе го видиме во недела.
„Ние не сме странци во „загревањето“ на работите пред празниците, како и нашето познато огревно дрво со мирис на поховано пилешко. Но, да бидеме искрени, на сите ни е потребно малку одвлекување на вниманито оваа празнична сезона, па тогаш зошто да не исполниме дел од вашето време во домовите со една неизвесна драма и удобноста на нашето светски-познато поховано пилешко? A Recipe for Seduction е совршениот изговор да се завиткате дома и да се повлечете во вашето ‘среќно засекогаш’,“ истакнува Андреја Земенски, генерална маркетинг директорка на KFC во САД.