Светски познатиот ланец на ресторани за брза храна KFC ќе биде првиот во светот кој ќе служи пилешко месо направено во лабораторија
Популарните „chicken nuggets“, односно поховани пилешки парчиња во KFC, наскоро ќе се произведуваат од 3Д принтер. Заедно со руската компанија 3D Bioprinting Solution, ланецот за брза храна KFC работи на развој на производна линија за 3Д печатење на нивниот омилен оброк. 3D Bioprinting Solution има развиено технологија што ќе го „печати“ пилешкото месо, користејќи пилешки ќелии и дополнителен материјал.
KFC планира да ја снабдува оваа компанија со сите состојки, како што се презла и зачини, да го направи “отпечатеното“ пилешко месо со вкус, изглед и текстура како да е испржено во рестораните на KFC. Бидејќи ќе се користи материјал од животинско потекло, ова нема да биде вегетаријански производ, иако KFC нуди и вакви варијанти во некои од нивните ресторани.
Од KFC соопштуваат дека овој вид на производство ќе биде поповолен за животната средина од производството на стандардно пилешко. Тоа ќе ги намали емисиите на гасови и ќе троши помалку енергија, во споредба со класичниот метод за одгледување пилиња на фармите.
Патем, 3Д технологијата за биоптринирање за првпат е искористена во медицината, но денес сè поголема примена наоѓа во производството на храна. Јусеф Кесуани, ко-основач на компанијата 3D Bioprinting Solutions, изјави дека производството на пилешко месо овој начин ќе биде попристапно и се надева дека развојот на оваа технологија ќе го забрза производството на вакви намирници.
Првото 3Д печатено пилешко пилешко месо треба да се појави во Москва ова есен.