Kentucky Fried Chicken лансираше два различни лакови за нокти кои можат да се јадат, буквално “Прсти да си излижеш.”
Ogilvy & Mather работеше заедно со прехранбените технолози од McCormick, компанијата за зачини која го снабдува KFC со својот таен микс од 11 состојки, за да ги создадат лаковите за нокти за KFC Hong Kong. Лаковите се направени од природни состојки и се базирани врз двата најпопуларни вкусови на брендот – Original и Hot & Spicy. Значи, имаат вкус на пилешко – она по што KFC е познат.
“Се употребува така што потрошувачите едноставно ги лакираат своите нокти со него, како со обичен лак за нокти, и потоа може да ги лижат”, напишаа од брендот во своето соопштение.
“Рецептот за нашиот лак за нокти е уникатен и е специфично дизајниран за да го задржи вкусот, но исто така и да се суши во вид на сјаен премаз како обичен лак за нокти,” изјави креативниот директор на Oglivy Џон Коај. “Кампањата е осмислена да биде интригантна и забавна се со цел да ја зголеми возбудата околу KFC брендот во Хонг Конг.”
KFC навистина го направи ова, но не го произведува масовно. Барем не засега. Лакот за нокти се пакува во оригинално дизајнирано шишенце и кутија и се тестира за реакции на социјалните мрежи.
Брендот објави и онлајн видео за проектот и ги поканува жителите на Хонг Конг да се вклучат во изборот кој од вкусовите ќе започне масовно да се произведува.