Додека останатите брендови за брза храна се борат да ги привлечат веганите со своите бургери без месо, KFC без никакво покајание целосно се насочија кон месото.
Во најновата провокативна кампања за пазарот во Обединетото Кралство, создадена од агенцијата Mother, KFC се потсмева со веганите промовирајќи го својот нов бургер кој е истовремено и израз на љубов кон сланината како прехрамбен производ (“I Love You Bacon Burger“). Дел од слоганите на кампањата се и „Пробајте еден пред да станете веган“ и „Ова не е лиснато со вегански колбас“. Овој втор слоган е истовремно и „напад“ кон ланецот ресторани за сендвичи Greggs, кои претходно годинава го лансираа своето лиснато со вегански колбас.
Новиот бургер со сланина ќе биде достапен само во период од шест недели, а пристапот на KFC е отворен кон фактот дека тајмингот на нивната кампања е лош, во година кога веганството стана мејнстрим.
„Да бидеме на чисто, тајмингот кој го одбравме за овој бургер е лош. Го лансираме во година кога огромен број на луѓе почнаа да го избегнуваат местото и да прифаќаат модри патлиџани. Но, за оние кои не се откажуваат од својата љубов спрема сланината – ова е за Вас! Бургерот е толку неодоливо вкусен, што мора да го пробате пред да станете веган,“ истакна Маркус Бак, сениор бренд менаџер на KFC, во соопштението за новата кампања.