Брендот за брза храна KFC лансираше нова реклама за јужноафриканскиот пазар со која навлегува во сферата на надреалното, пренесувајќи ја пораката дека нивното зачинето поховано пилешко ја носи „жештината“ – кога било и каде било.
Новата рекламата која има за цел промоција на Spicy Zinger Nuggets – екстра зачинето и луто поховано пилешко. Спотот отпочнува со сцена во која двајца пријатели споделуваат едно пакетче поховно пилешно пред телевизор. Меѓутоа, оваа навидум најобична сцена потоа се претвора во надреално патување на двајцата пријатели, кој ќе смисли понеобично место за ужување во вкусното пилешко.
Во забавната реклама гледаме како пријателите го носат „жешкото“ во историски битки и древни храмови, во адреналински трки, во авантури низ пустината, во џунглата, па дури и на месечината.
Рекламата е создадена со помош на креативната агенција Ogilvy Johannesburg и продукциската куќа They Shoot Film.