Брендот за брза храна KFC лансираше сатирична кампања за канадскиот пазар која е замислен како „срцепарателно“ извинување до кујнскиот прибор низ целиот свет.
Причината за предизвиканата „тага“ кај кујнскиот прибор, како што се алудира во спотот, е фактот што луѓето едноставно не сакаат да користат вилушки и ножеви кога го јадат крцкавото поховано пилешко на KFC, претпочитајќи да го фатат со раце, да загризат и потоа, од толку што е добро – прсти да си излижат.
Впрочем, целата премиса на спотот – кујнски прибор кој тажно гледа како луѓето јадат со раце – е развиена врз основа на слоганот “Finger Lickin’ Good” („Толку добро, прсти да си излижеш“) кој брендот за брза храна го користи уште од 1950-те години.
Покрај спотот кој ќе се емитува на телевизија, кампањата исто така ќе вклучува билборди, принт реклами и активности на социјалните мрежи. Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Courage, додека пак централниот видеоспот е режиран од страна на познатиот режисер на музички видеа Хенри Шолфилд.