Сета човекова волја попушта под заводливите моќи на Полковникот Сандерс во неодоливата нова кампања на брендот за брза храна KFC и агенцијата Ogilvy Johannesburg за јужноафриканскиот пазар.
Кампањата се состои од неколку „мрачни“, но хумористични видеоспотови кои го прикажуваат моментот кога попуштаме пред нашите најдлабоки желби, во овој случај вкусното поховано пилешко на KFC.
Насловена „Не можете да одолеете“ („Can’t Resist“), се работи за атмосферска кампања која раскажува приказни на фрустрација, желба, отпор и конечно попуштање. Користејќи долг пристап без многу техника и монтажа, режисерот на спотовите, Сем Колман, ја истражува внатрешната борба на ликовите од првиот момент на заведување сè до конечното предавање.
Без никаков дијалог, маѓепсувачката атмосфера е дополнително нагласена со познатата песна „I Put a Spell on You“ која оди во позадина на видеоспотовите.