Глобалната консултантска компанија за дигитална трансформација Kin + Carta, минатата година го прошири својот глобален отпечаток со канцеларијата во Скопје која се ребрендираше минатата година.
Овој стратешки потег не само што го зацврсти досегашниотo присyство на консултантската компанија во Југоисточна Европа, туку и ја позиционираше како водечка сила во регионот.
Во 2020 година, Kin + Carta постави петгодишна цел да биде сертифицирана од Институтот „Одлично место за работа“ од Шведска (Great Place to Work®) во сите земји каде функционира нашата земја, Бугарија, Косово, Полска, Велика Британија, Колумбија, Аргентина и САД.
Целта за успех беше јасна – постигнување на резултат од 65% или повисок на моделот на доверба на Great Place To Work® глобално.
Само три години подоцна, тие не само што ја исполнија поставената цел, туку и го надминаа овој амбициозен потег. Покрај сите предизвици со кои индустријата се соочува изминативе години, како што се пандемијата(воведување на хибриден модел на работа и повеќе годишна работа од дома) и глобалната економска криза, Kin + Carta успеа да се прилагоди и постојано да работи на својот бренд. Најважно од се успеа да ја сочува културата на работење со која најмногу се гордее, односно да не се промени чувството за тоа што значи да се биде вработен во оваа компанија.
За успешноста на Kin + Carta, Kelly Manthey, глобалниот извршен директор, истакна:
“Го постигнуваме она што го правиме благодарение на нашите луѓе. Тие ни овозможуваат да бидеме високоефикасна консултантска компанија, на која некои од најголемите брендови во светот и веруваат за нивната дигитална трансформација. Повторно нашите луѓе се оние кои ни помагаат да ги оствариме нашите основни цели, а тоа е да создадеме свет кој функционира подобро за сите. Имено поради нив успеваме да задржиме и привлечеме уште одлични колеги – програмери, инженери, експерти за податоци, консултанти, тестери и многу други стручни лица, поради кои Kin + Carta расте. Токму поради тоа знаеме дека треба да обезбедиме средина во која нашите луѓе може да бидат свои, да учествуваат во интересни проекти, да се развиваат и напредуваат во својата кариера.”
Еве некои од клучните работи кои им донесоа меѓународно признание за одлично работно место:
- Програма за вредност на вработените (EVP) која доби награди: Лансирање на програма која ги олеснува значајните и целосните искуства за време на патот на секој вработен
- Групи за разновидност фокусирани на афинитет: Креирање на групи на вработени за негување на разновидноста во организацијата
- Проактивен пристап кон еднаквоста во плата: Строго набљудување и подобрување на процесите за справување со промените во еднаквоста во платите и разликата во платите меѓу половите
- Подобрување на комуникацијата: Преработка на глобалните и регионалните процедури за комуникација за поголема прозрачност и видливост во известувањата за бизнисот и финансиите
- Инвестирање во хибридниот модел на работа: Завршување на реновации и отварање на нови канцеларии
Влијанието на овие иницијативи може јасно да се види од резултатите од анкетата која беше спроведена помеѓу нивните вработени:
- 88% од вработените во Kin + Carta се чувствуваат добредојдени при приклучување на компанијата.
- Преку 90% потврдуваат дека луѓето во компанијата се третирани фер, независно од возраста, полот, попреченоста или расата.
- 76% изразуваат постојана задоволство со Kin + Carta како одлично работно место.
Kin + Carta со гордост може да каже дека е меѓународно призната како одлично работно место во нашата земја, Бугарија, Косово, Полска, Велика Британија, Колумбија, Аргентина и САД.