Се очекува дека до 2020 година, Кинезите ќе поминуваат два часа дневно гледајќи онлајн видеа, наспроти глобалниот просек од еден час
Според новиот извештај на агенцијата Зенит, Online Video Forecasts, кинеските потрошувачи ќе поминуваат речиси два часа дневно гледајќи онлајн видеа до 2020 година. На тој начин, Кина ќе биде на чело на растот на потрошувачката на онлајн видео записи, а веќе сега просечниот жител на Кина поминува 105 минути на ден гледајќи онлајн видеа, по што следат Русите (102 минути) и жителите на Обединетото Кралство (101 минути).
Онлајн видеото е во експанзија во Кина поради локалните играчи iQiyi, Youku и Tencent Video, кои се во жестока борба за публика, благодарение на кои растат и инвестициите во огласувањето на овие канали.
На глобално ниво, потрошувачите ќе потрошат повеќе од еден час (67 минути дневно), гледајќи онлајн видеа оваа година, во споредба со 56 минути во 2017 година. Се очекува дека овие бројки ќе се зголемат во просек за 9 минути годишно до 2020 година.
Бројките откриваат брз пораст на потрошувачката на онлајн видеа, што вклучува веб-сајтови за споделување на видеа, претплатнички платформи и платформи во сопственост на јавните радиодифузери, како и странците на социјалните медиуми кои ги водат лидерите на пазарот како Netflix, YouTube, Amazon Prime, Hulu, како и кинески гиганти iQiyi , Youku и Tencent Video.
Онлајн видеото сѐ уште е најбрзо растечки вид на конзумација на медиуми на интернет и на него отпаѓа речиси севкупниот раст на вкупната употереба на интернетот. Во согласност со растот на потрошувачката, инвестирањето во огласувањето е во пораст исто така, зголемувајќи се за 20% во 2017 година и достигнувајќи вредност од 27 милијарди долари, според Зенит.
Растот на инвестициите во рекламирањето се очекува да достигне 19% во 2018 година, проследено со просечен годишен пораст од 17% годишно до 2020 година, достигнувајќи 43 милијарди долари. Тогаш на онлајн видеото ќе се однесува 30% од вкупните инвестиции во дисплеј огласите, додека тој удел во 2017 година изнесуваше 27%.