Кинеската влада го казни гигантот за е-трговија Alibaba со казна од 18.2 милијарди јуани (еднакво на 2.8 милијарди долари) поради монополистичко однесување кон своите ривали.
Имено, според кинеската државна агенција за регулација на пазарот, Alibaba била казнета бидејќи ги „пенализирала“ трговците кои ги продавале своите производи истовремено преку Alibaba и преку други платформи за е-трговија во државата.
Од Alibaba е исто така побарано да ја ревидира и поправи својата платформа и да поднесе „извештај за самоиспитување“ до 2024 година.
Компанијата одговори дека ја прифаќата казната со „искреност“ и дека ќе ги исполни барањата на властите. Таа исто така изрази благодарност за довербата и трпението кое трговците, потрошувачите, партнерите и акционериите го вложуваат во компанијата.
Ова е најновата во серија мерки кои кинеската влада ги спроведува со цел да ја намали моќта и влијанието на Alibaba. Пред скоро еден месец, властите ѝ наложиле на компанијата да се откаже од својата сопственост во повеќе медиумиски компании.