После повеќенеделното прибирање на фидбекот од страна на многубројните хрватски и регионални креативни професионалци, проектот “Уметноста на фидбекот” доживеа своја кулминација. Вчера, во рамките на загребскиот Design District, во Señor премиерно е прикажана видео инсталација во која собраниот материјал беше интерпретиран од страна на глумачкиот пар Лана Бариќ и Дамир Марковина. Доколку не успеавте да го погледнете во живо меѓу првите, погледнете го сега.
Сите кои се занимаваат со дизајн, огласување и некаква дејност на креативната сцена, се среќаваат со фидбек од нарачателот. Понекогаш се чини дека клиентот и креативецот не зборуваат на ист јазик. Може ли резултатот да биде успешен без нивното разбирање? Интересни осврти кои за своја работа од клиентите ги примиле креативците од различни агенции, за овај проект се глумачки интерпретирани како би вдахнале живот на пишаниот текст со цел нагласување на значењето на фидбекот, честата неспретност и подложеноста на различно разбирање и ја илустрирале комплексноста на односот нарачател – креативец.
Еве што изјави Вања Блуменшајн, главен креативен директор во Señor:
Кога ќе ги погледнам изминатите месец дена на подготовка на “Уметноста на фидбекот“, би можел да заклучам: слонот е во собата, а сите се прават дека не го гледаат. Иако се вклучиле стотина луѓе (им благодарам на сите за пратените материјали), за потребите на приказната, малку ќе се позанимавам со оној друг дел од колегите. Едни ми се јавуваа од сите страни и го фалеа проектот, но велеа дека фидбек не пратиле. Сега навистина им е жал. Тоа се оние пасивните. Се смеат и лајкуваат. Споделуваат, пишуваат #agencylife и смајли. И тоа е добро, проектот треба и да насмејува и да привлекува внимание како воопшто би можел нешто да вразуми. Другите, без оглед на анонимноста, беа во фрка. Среќавам колешка на ручек во Divas: “Феноменален ви е проектот, имав генијален фидбек за праќање, но ми беше страв клиентите да не се препознаат…“ Но ,продолжува, “супер е тоа што го работите, бидејќи проблемот е важен и голем..“ Па затоа, драга колешке, би требала да ги пратиш – и зборувам јас меѓу залаци. Трети зачудено скептично ме прашуваат: “ти навистина мислиш дека ова нешто ќе промени!??“ Јас не верувам во чудесни филмови кои во еден ден го менуваат светот, но ако и само дел од клиентите, акаунтите или креативците пред без многу размислување да кликнат SEND, се препознаат во некои од овие примери или помислат дека нивниот меил можеби ќе се најде во некои од следните епизоди, не било залудно – се смешкам во себе си.
Целта на проектот не е да прозива, туку да проговори за комуникациите – со нив секојдневно се занимаваме па имаме должност да размислиме како и оваа интерна комуникација може подобро да комуницира. Може ли и тука нешто да се иновира. Фидбекот во бизнис опкружувањето е реакција на производ или однесување со цел да го корегира, насочи и оствари посакуваниот резултат. Тоа е клучен, двонасочен процес од чија прецизност и квалитет зависи исходот на секој проект. Неразбирањето на процесот и неквалитетниот фидбек ја поништуваат секоја можност за добар аутпут и создава атмосфера на фрустрираност и незадоволство од двете страни. Затоа оваа тема е важна за тој однос. Предуслов за секој добар однос е взаемно разбирање на почетните точки на партнерите во односот. Препознавање на мотивите, желбите, потребите и целите. За двете страни клучна е довербата во избраниот партнер. Целта на проектот Уметноста на фидбекот е всушност поттикнување на размислувањето на двете вклучени страни за начините на кои оваа комуникација може да биде поконструктивна и поуспешна. Моќта на рабирање – тоа е вистинска уметност.
После премиерата, проектот продолжува да живее на сајтот: umjetnostfeedbacka.com кадешто и понатаму ќе има можност да се внесува фидбек, да се гласа за фаворитите и да се креира онлајн споменик или база за некое ново видео продолжение. За есен се спрема уште изненадувања; можеби нешто и на Weekend Media Festival.
И за крај, кога веќе го користиме англискиот израз фидбек, еве што за него велат Англичаните:
1. helpful information or criticism that is given to someone to say what can be done to improve a performance, product, etc.
2. an annoying and unwanted sound caused by signals being returned to an electronic sound system
Одсега, нека секој ваш следен фидбек биде што повеќе helpful, а што помалку annoying.
Повеќе на www.umjetnostfeedbacka.com и www.senor.hr