Како што наближува празничната сезона, така се зголемуваат бањата од потрошувачите до KFC да направи оброци со поховано мисиркино месо. Но, и покрај бројните барања на фановите, брендот за брза храна е категоричен: ќе се држи само до пилешкото – без разлика на сезоната.
„Клиентите се секогаш во право, но не и кога станува збор за заменување на пилешкото со мисиркино месо. Им благодариме за нивниот придонес, но ќе останеме со живината што ја знаеме и сакаме“ – истакнува Кејт Вол, директорка за стратегија и иновации во KFC.
Брендот објави краток хумористичен и помалку саркастичен видеоспот со кој ја потврдува својата одлука: „Ве игнорираме, се држиме до пилешкото“, објаснувајќи дека KFC нема намера да стане KFT: „Ако не сте знаеле, C означува пилешко“ (‘chicken’ наспроти ‘turkey’).
Кампањата се реазлизира во соработка со креативната агенција Mother London.