Здравата економија почива на ликвидност и доверба. Токму овие два столба ќе бидат во фокусот на презентацијата на д-р Катерина Бошевска, генерален директор на ЕОС Матрих, на престижниот настан The Economist MeetUp.
По 2025 година, која за компанијата беше пресвртница со историски најдобар резултат , Бошевска ќе зборува за тоа како наплатата на побарувања се трансформира од „непријатна тема“ во модерна, дигитална и општествено одговорна услуга.
Инвестиции во економскиот циклус
„Инвестиравме 15 милиони евра, повеќе од двојно во однос на претходната година, со што нашата вкупна инвестиција на пазарот надмина 30 милиони евра,“ открива Бошевска. Ова е јасен сигнал за долгорочната определба на ЕОС да го зајакне економскиот циклус и да им помогне на компаниите и граѓаните во процесот на раздолжување.
Европски стандарди како императив
Главниот предизвик за македонскиот пазар во 2026 останува потребата од стандардизација. Бошевска ќе ја отвори темата за имплементација на европската регулатива, која ќе гарантира висок квалитет на услуга, но и фер третман за крајните корисници. Како потврда за успешноста на овој пристап, таа го посочува фактот дека речиси 99% од предметите за меѓународна наплата се решаваат вонсудски, што е доказ за ефикасност без правни трауми.
Транспарентност преку технологија
На настанот ќе биде претставена и платформата „My EOS“, дигитална алатка која овозможува секој граѓанин едноставно да провери дали има долг и да најде решение, со што се враќа моќта и контролата кај потрошувачот.

















