Платформата за онлајн трговија eBay лансираше нова кампања за британскиот пазар насловена “When you buy a thing, sell a thing” („Кога купуваш нешто, продај нешто“).
Идејата позади кампањата е да ја позиционира платформата како значаен дел од циркуларната економија и да ги поттикне корисниците да го продолжуваат животот на предметите кои повеќе не им се потребни.
Имено, eBay ја охрабрува идејата за поголема потрошувачка одржливост и долготрајност на производите, посочувајќи дека „ѓубрето“ за некого, може да биде „богатство“ за некој друг. Всушност, компанијата се наметнува како поразлична од сите други платформи за е-трговија, односно како место каде продавањето е исто толку важно како и купувањето.
Камапањата е создадена со помош на креативната агенција McCann London, во сорботка со продукциската агенција Craft и продукциската куќа Riff Raff Films.