Глобалниот бренд Мастеркард во соработка со агенцијата McCann Белград ја претставија првата 100% локална кампања за пазарите на Србија и Хрватска. Mastercard кеш-бек кампањата е првата кампања на овој бренд која е целосно креирана и реализирана од локалниот агенциски тим и прилагодена на целната група во овие простори, со оглед на тоа што навиките на потрошувачите се многу специфични.
Милена Џориќ Гудуриќ, директор за маркетинг на пазарите на Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина во „Мастеркард“, вели дека целиот пазар во претходниот период се фокусирал на е-трговијата и можностите што им ги дава и на бизнис секторот и на крајните корисници и додава: „Со нашата нова кампања, сакаме на забавен, приемчив и пазарно релевантен начин да укажеме на универзалните вредности што ги имаат онлајн плаќањата, како неизоставен дел од секојдневниот живот. Технологиите, без оглед на уредот или начинот на плаќање што се користи, веќе не се баук, туку начин да не се пропушти она што навистина ви се допаѓа, што е истовремено и увид на кој се темели кампањата и порака на која инсистираме преку сите канали кои ги користиме во рамките на 360° кампањата. Убедена сум дека како бренд што слуша и автентично реагира на потребите на пазарот, придонесуваме за позитивни промени во заедницата и дека токму тоа е факторот што гради доверба меѓу нас и нашите корисници“.
„Важно е компаниите и брендовите да им се обраќаат на своите корисници и купувачи на нивниот јазик, во духот на нивната култура, потреби и интереси, што подразбира смислување и креирање на различни содржини, прилагодени на овие фактори. Големо задоволство е да се има доверба на клиентот во таа смисла, што само дополнително нè инспирира во работата со тимот на Мастеркард“, додава Тамара Вукадин, Account Manager, McCann Белград.
И покрај растот на онлајн купувањето во претходниот период, корисниците во Србија сè уште имаат навика да користат готовина при плаќање. Тие честопати користат страници и апликации за разгледување, споредување на производите и цените, како и за нарачка, но кога е потребно да се направи „последниот“ клик и да се плати со картичка, од разни причини тие се откажуваат или избираат да плаќаат во готово при испораката. Кампањата за враќање на готовина на Мастеркард има за цел да ги мотивира корисниците да го направат овој последен, логичен чекор, т.е. клик што го прави онлајн купувањето навистина лесно.
Сите корисници на картичката Мастеркард, издадени од банките кои се учесници во оваа програма, кои во периодот од 15 мај до 15 јуни 2021 година ќе извршат најмалку пет онлајн плаќања со вкупна вкупна вредност од најмалку 5.000 динари, автоматски добиваат назад 980 динари на сметката поврзана со Матеркард картичката.
Повеќе информции дознајте на страницата на Мастеркард.