Ресторанче за традиционална мексиканска храна (Taco) од Лас Вегас кое се вика “Frijoles & Frescas Grilled Tacos“ пред неколку дека било “нападнато“ од “wanna-be провалници“ кои сакаат да го ограбат ресторанот, кој има прилично супер квалитетни сигурносни камери кои сето тоа го снимаат од неколку агли.
Наредниот ден, ресторанот прави мала обработка на видеото од сигурносните камери и видеото го поставува на YouTube со опис како : “These nice gentlemen came looking for tacos… we think.“ Насловот е: “Провалниците само сакаа taco“
Феноменалната смисла за хумор и одигран потег на компанијата го прават ова видео за само неколку дена вирално и прегледано повеќе од 2 милиони пати. Маркетинг мајсторија пер екселанс ! Погледнете: