Со прекрасно парче визуелно раскажување, Hyundai го претстави својот нов електричен модел KONA Electric – автомобил кој со своите напредни карактеристики и електричен опсег ве поттикнува да „Живете неограничено“ (“Live Unlimited”).
Централниот спот на кампањата ја раскажува приказната за едно младо момче по име Ноа кое се губи во играта со својата играчка KONA и замислува свет во кој сè е возможно, инспириран од секојдневната магија што ја доживува во вистинската KONA при возењато со неговата мајка.
„Сосема новата KONA доаѓа комплет со низа иновативни карактеристики кои ви даваат речиси бескрајни можности – факт кој сакавме да го искомуницираме со оваа кампања на возбудлив начин. А, што е повозбудливо од нурнување во детската фантазија? И сето тоа засновано на духот на брендот Hyundai дека потенцијалот на луѓето е неограничен“ – објаснува Лаура Ратаи, маркетинг директорка на Hyundai за европскиот пазар.
„Основачот на Hyundai, Чунг Џу-јунг, еднаш рече дека човечкиот потенцијал е неограничен. Инспирирани од неговото наследство, сакавме да ги потсетиме луѓето дека никогаш не треба да заборават дека некогаш верувале дека сè е возможно“ – посочува Габриел Матар, генерален креативен директор на агенцијата Innocean Berlin која стои позади кампањата.
Централниот спот е создаден со помош на продукциските куќи Sterntag и MJZ, под водство на данскиот филмски режисер Николај Фуглсиг.
Интегрираната кампања ќе се спроведува на сите релевантни пазари ширум Европа, а покрај спотот кој ќе се емитува на телевизија, ќе вклучува и низа други активности – од тродимензионални билборди до специјални настани на социјалните мрежи, славејќи го чувството да се живее живот без ограничувања.