За компанијата Бамби и брендот Плазма, McCann Белград креираше интересна кампања во повод редизајнот на оригиналното пакување во ограничена серија.
Плазма е препознатлив бренд, како кај нас, така и во регионот, бидејќи цели генерации пораснаа и созреаа со Плазма. Сепак, оваа година, Плазма за прв пат го промени своето лице. И однадвор и одвнатре. Креирајќи 3 пакувања „special edition“ инспирирани од емоциите, празниците и ритуалите и со повеќе од 40 нежни зборови на плазма колачињата, ги потсетивме луѓето дека дури и во нестабилни времиња, некои работи остануваат непроменети – љубовта, желбите и нашите мали ритуали.
Александра Савиќ, Senior Brand Manager во компанијата Бамби, вели дека оваа есен, Плазма одлучи да оди чекор подалеку: „Сакавме да им понудиме на потрошувачите Плазма искуство како емоција. Со јасен краток бриф до креативниот тим во McCann Белград, дојдовме до заклучок дека специјалната едиција на нашата Плазма 150гр со носечките пораки – Љубов – Утро – Желби, е одлично продолжение на приказната за Плазма ритуалите. Имаме 45 различни зборови, по 15 во три различни пакувања. Но, ова не се само обични зборови. Тоа се и емоции, желби, чувства, она што им го посакувате на другите, а сè се сведува на еден збор“.
Како настанала кампањата и како поминал креативниот процес, дознаваме низ разговор со тимот кој стои зад проектот.
„Само еден вистински збор е доволен за да обезбеди среќа, утеха, да ве насмее … Во текот на целата кампања, сакавме да им дадеме доза на инспирација и оптимизам на луѓето околу нас, потсетувајќи ги дека иако помалку се гледаме и се дружиме, сепак имаме мали зборови кои можат да предизвикаат големи чувства и мисли. Плазма им го отстапи своето име на тие зборови, а на нас е да ги подариме на некого … “објасни Јована Брадаш, Associate Creative Director, McCann Белград.
„За првпат во историјата на Плазма кекс пакувањата, добивме можност да дизајнираме лимитирана серија, што е навистина привилегија. Задачата беше недвосмислено јасна, клиентот даде конкретни насоки, што многу ни значеше. Се разбравме уште на почетокот и драго ни е што ова меѓусебно разбирање произведе прекрасни резултати. Мислам дека токму разбирањето меѓу клиентот и агенцијата е клучно за доаѓање до неизбежно добри решенија“, вели Јелена Граховац, Head of Art во McCann Белград, креатор на дизајнот на пакувањето „љубов“.
Сандра Милојевиќ, Senior Designer во McCann Белград, која го дизајнираше пакувањето „утро“, додава: „Новите Плазма пакувања во ограничена серија се свртување во еден поинаков свет, емотивен, среќен и слободен, така што и самиот процес на креирање, каде што стилот и темата дозволуваа најразлични идеи кои што доведоа до нереално бајковити или надреални илустрации, беше навистина забавен. Како резултат на овој креативен процес, добивме едно вистинско освежување во форма на пакување и спотови кои во ова мрачно време, нè потсетуваат од екраните и полиците дека светот може да биде поинаков, послободен и поубав “.
Маја Стевановиќ, Junior Designer во агенцијата McCann Белград, го креираше дизајнот на пакувањето „желби“. „На сите пакувања, ја следевме истата уметничка насока, весела палета на бои и модерна форма на карактери. Користени се графички елементи кои формираат хармонична композиција со дадените теми Љубов, Утро и Желби. Не се плашевме дека со тоа ќе ја преместиме Плазма во втор план, сепак тоа е многу препознатлив бренд за сите нас“, додава Маја.
“На веќе успешната и препознатлива платформа Плазма ритуали, пронајдовме начин да ја претставиме Плазма во овие малку поинакви денови. Секое пакување доби свои зборови, а Љубов, Утро и Желби добија своја илустрирана приказна. Покрај емотивните и инспиративни пораки и дизајнот на пакувањето, она што ја прави интересна оваа кампања се и прекрасните спотови. Овој пат одлучивме да одиме со анимација. Да ги раскажеме приказните од пакувањата, така што формите од пакувањата креираа еден нов Плазма свет во кој живеат ликовите од пакувањето. Иако ликовите се во минималистачки облик, тие преку нивното движење и интеракција споделуваат емоции и ни раскажуваат приказни. Се надеваме дека ќе уживате во нив исто како што уживавме во нивното креирање“, рече Бранко Росиќ, Senior Art Director, McCann Белград.