Почитувани читатели, за денеска , во соработка со Press Clipping Ви подготвивме квантитативна анализа на бројот на објави за автомобилската индустрија во периодот од првите 6 месеци од 2013 год. од која може јасно да се види кои брендови предизвикале поголемо а кои помало внимание кај македонските медиуми.
Во периодот Јануари – Јуни 2013 год., на македонските ТВ, радио, печатени и интернет медиуми имало вкупно 6348 објави за автомобилските брендови.
Интернет медиумите во тој период од шест месеци најмногу објави имале за Мерцедес (626) , BMW (519 пати ) и Ауди (453) а најмалку објавувале за Субару (28), Алфа Ромео (61) и Нисан (83).
За разлика од интернет медиумите, оние најмоќните и со најголема цена – ТВ медиумите во периодот Јануари-Јуни објавувале поинаку и во фокусот пред се ги имале Шкода (18 објави) , Пежо (11 објави) и Цитроен (9 објави), додека пак најмалку внимание од тие за кои барем објавиле нешто посветиле на Хјундаи , Фиат и Форд (сите со по 1 објава).
Уште полошо од нив поминале КИА, ВолксфагенГолф , Nisan, Alfa Romeo и Субару за кои немало нити една објава на ТВ во периодот Јануари-Јуни 2013 год.
На радио, во истиот овој период имало вкупно 33 објави во кои најмногу се споменувал автомобилскиот бренд – Пежо (4 пати) потоа Шкода и Цитроен (по 3 пати).
Весниците во првите шест месеци од 2013 година, најмногу пишувале за Ауди (68 пати) , Шкода (64 пати) и Мерцедес (55 пати) додека пак нивното внимание најмалку пати било предизвикано од Субару (споменати само 3 пати) , Цитроен (9 пати) и Хјундаи (11 пати).
Во продолжение и вкрстена табела за споредба на објавите за автомобилските брендови во сите медиуми:
****
Извор на информации – PressClipping, Квантитативна Анализа за Автомобилските Брендови