Откако ги состави листите за најуспешните креативни агенции во светот, но и по поединечни светски региони како Европа, адвертајзинг магазинот The Drum ги собра резултатите на агенциите и ја објави листата на најуспешни агенциски групации и мрежи за 2022 година.
Оваа листа е исто така дел од традиционалното истражување World Creative Rankings, за чие изготвување тимот на The Drum ги зема во предвид перформансите на илјадници креативни кампањи остварени на 19-те најценети креативни фестивали на глобално ниво во текот на изминатата година.
Според анализата на магазинот, најнаградуваната, а со тоа и најуспешна агенциска групација, односно холдинг-компанија во светот за 2022 година била британската WPP. Успехот на оваа групација пред сé се должи на работата на нивната агенциска мрежа Ogilvy, која исто така го освои првото место на листата на најуспешни агенциски мрежи во светот за 2022 година.
Во продолжение следува листата на најуспешните агенциски групации и холдинг-компании за 2022 година:
1 WPP
2 Omnicom
3 IPG (Interpublic Group)
4 Publicis Groupe
5 Havas Group
6 Dentsu
7 Accenture
8 Stagwell
9 Hakuhodo DY
Оттука ви ја пренесуваме и листата на Топ 10 најуспешни агенциски мрежи во светот за 2022 година:
1 Ogilvy (дел од WPP)
2 BBDO (дел од Omnicom)
3 DDB (дел од Omnicom)
4 Leo Burnett (дел од Publicis Groupe)
5 FCB (дел од IPG)
6 VMLY&R (дел од WPP)
7 McCann (дел од IPG)
8 Publicis (дел од Publicis Groupe)
9 Dentsu (дел од Dentsu)
10 TBWA (дел од Omnicom)
Целосната листа на најуспешни агенциски мрежи во светот за 2022 година е достапна на следниот линк.