Софтверската компанија Adobe го објави новиот извештај за американски трендови во употребата на емотикони.
За изготвување на овогодинешниот извештај, компанијата анкетирала 5.000 корисници на емотикони во САД, за да види како емотиконите биле користени за комуникација и самоизразување.
Извештајот укажува на позитивно поместување на расположенијата од претходната година. „Петте најкористени емотикони се посреќни во споредба со претходната година“, се вели во студијата.
Во извештајот се посветува внимание и на употребата на емотиконите на платформите за запознавање и во љубовните врски.
Според 71% од испитаниците ширум светот, емотиконите се „задолжителни“ во разговорите кога станува збор за флерт. Adobe, исто така, дозна дека повеќе од половина (58%) од испитаниците имаат тенденција да „користат уште повеќе емотикони“ во разговор со личност за која се заинтересирани.
За долги врски, емотиконите се исто така начин да се одржи силна комуникацијата. „Над половина (62%) од глобалните корисници претпоставуваат дека нивната врска со некого оди добро ако користат повеќе емотикони кога разговараат еден со друг“, објаснува Adobe.
Од Adobe дознаваат и кои емотикони Ве прават подопадливи кај соговорниците, а кои помалку допадливи:
Иако емотиконите овозможуваат побогата комуникација и самоизразување, тие исто така, во зависност од контекст, можат да бидат и погрешно протолкувани. Па, така, според извештајот, постојат и неколку емотикони кои се најтешки за толкување на нивното значење:
Употребата на емотикони исто така нуди увид и во потрошувачките навики на корисниците. Според извештајот, главните три производи што корисниците на емотикони во САД се подготвени да ги купат со емотикони вклучуваат: 1. оброци за носење; 2. облека; и 3. стриминг услуги.
За повеќе податоци, целосниот извештај може да се прочита на следниот линк.