Главната уредничка и извршна директорка на Aftonbladet, Лена К. Самуелсон, основачката на Rokkin Marketing, Ива Обровац и основачот на Aqtos.com, Дамјан Дано, доаѓаат на 13-то издание на SoMo Borac.
Конференцијата SoMo Borac и оваа година ги обединува водечките експерти од областа на маркетингот, медиумите и агенциите, носејќи најнови трендови и инспиративни приказни од индустријата. На 24 октомври, Mozaik Center во Загреб ќе стане место на кое учесниците ќе добијат конкретни совети како да ги решат предизвиците со кои се соочува индустријата, промените што ги носи вештачката интелигенција, како и можност за поврзување со врвни професионалци од регионот и пошироко.
Лена К. Самуелсон, медиумска директорка, издавачка и главна уредничка, ќе одржи предавање на годинашното издание на SoMo Borac со наслов „Leadership and culture in the wake of AI“. Како истакната шведска новинарка и извршна директорка, Самуелсон повеќе од 30 години водеше редакции и медиумски организации низ процесот на дигитална трансформација. Во своето предавање ќе ги сподели клучните заклучоци што ги стекнала за тоа како се создава иновативна култура. До неодамна беше главна уредничка и извршна директорка на Aftonbladet, еден од највлијателните медиуми во нордиските земји, позиционирајќи го како предводник во областа на вештачката интелигенција. Лена К. Самуелсон во текот на својата кариера има освоено повеќе престижни награди. Денес таа работи како обучувач, предавач и виш советник во Schibsted и други медиумски групации. Членка е на Одборот за слобода на медиуми на WAN IFRA.
Своевиден водич за подигнување на ефикасноста на тимовите и врвни маркетиншки резултати публиката ќе добие во предавањето „Формула за резултати“ што ќе го одржи Ива Обровац, основачка на Rokkin Marketing, врвна маркетинг консултантка, предавачка на Економскиот факултет во Загреб и сертифициран Google обучувач. На публиката ќе ѝ ги открие најчестите грешки што ги кочат организациите, без разлика на нивната големина – од мали тимови и агенции до големи корпорации – и ќе понуди практични решенија.
На годинешното издание на SoMo Borac од Македонија доаѓа и основачот на Aqtos.com – Дамјан Дано, кој повеќе од две децении е посветен на развојот на технолошкиот сектор, а во текот на годините соработувал со глобални брендови и локални иноватори, секогаш со фокус на технологија која носи реално деловно влијание. Во моментов е фокусиран на деловен оперативен систем за мали и средни претпријатија поткрепен со вештачка интелигенција, а во своето предавање „Stop sounding like a polite robot!“ ќе даде конкретни насоки и совети како да се користи генеративната вештачка интелигенција како практична и креативна алатка, без да се „заглави“ во нејзиниот зададен начин на работа.
SoMo Borac веќе 13 години ги наградува најдобрите регионални кампањи во Media и Advertising категориите. Главен спонзор на SoMo Borac четврта година по ред е Aleph, додека трета година по ред соорганизатор на SoMo Borac е Хрватската асоцијација на дигитални издавачи (HUDI).
Искористете ја можноста за купување на EARLY BIRD влезници, а до 24 септември можете да ги пријавите и вашите проекти во натпреварувачкиот дел на настанот. Сите новости во врска со овогодинешното издание можете да ги следите преку билтенот на SoMo Borac, односно на официјалните страници на Facebook, Instagram и LinkedIn.