Како што беше најавено, Скопје на 18 јули го добива својот прв Retail Park – POINT Retail Park. Еден од најубавите концепти за пазарување во светот, кој повеќето луѓе го обожаваат пред се поради лесниот и единствен начин на пазарување на принцип Stop & Shop, наскоро ќе биде презентиран и кај нас.
“Интересот за Point Retail Park беше огромен уште од првата најава. Овој концепт кој е развиен насекаде во светот посебно во Европа и регионот.. Успеавме за кратко време да го наполниме речиси целосно со голем број на брендови кои се светски познати, но и локални кои навистина имаат што да понудат.” – изјави Влатко Богоевски извршен директот на FORTON MKA / CUSHMAN&WAKEFIELD.
Сите посетители во Point Retail Park ќе можат да уживаат во шопинг на познати брендови како LC Waikiki, Sport Vision, KFC, JYSK, NEPTUN, Зегин, Сара Фешн, LTB, Шатци парфимерии, Спортекс, КРШ, Д Спортска према и други. Во склоп на Point Retail Park ќе има и ексклузивен ресторан, супермаркет КИТ-ГО, игрoетка и продавница за деца на површина од 2500 м2.
“Во Point Retail Park барања за простор сеуште пристигнуваат. Се бара место повеќе. Горди сме што успеавме да го наполниме со брендови кои се од голем интерес за посетителите и имаат што да понудат. Среќни сме што бевме вклучени уште во дизајнирањето на проектот и заедно со инвеститорите ќе придонесеме за развој на овој дел од Скопје и што Скопје ќе добие еден посебен лик со Point Retail Park” – додаде Влатко Богоевски.
Point Retail Park се простира на површина од 9500 м2 и ќе има 300 паркинг места. Инвеститор на Point Retail Park е компанијата Али Тобако.