Мери Микер, поранешна аналитичарка во банката Morgan Stanley и инвеститорка во ризични потфати, го објави новото издание на својот извештај за клучните интернет трендови.
Следат најинтересните делови:
- Интернет користат 3,8 милијарди луѓе во светот, што претставува повеќе од половина од вкупното население, но растот на оваа бројка се намалува во споредба со претходната година. Секој петти интернет корисник е од Кина (околу 800 милиони или 21% од вкупниот број), што ја прави земјата глобален лидер. Следат Индија, САД и Индонезија.
- Седум од десет најголеми компании по пазарната капитализација се технолошки компании, а четири од првите шест имаат седиште во САД.
- Кинеските компании држат седум од првите 30 позиции на топ листата на светски лидери по пазарната капитализација. Станува збор за Alibaba, Tencent, Meituan Dianping, JD.com, Baidu, NetEase и Xiaomi, а има една помалку во споредба со минатата година.
- За првпат Американците поминале повеќе време на своите мобилни уреди отколку пред телевизорот. Паметните телефони и други уреди ја надмина телевизијата за десет минути, во голема мера благодарение на фактот што другите уреди се користат паралелно со телевизијата. Во исто време, жителите на САД потрошиле 6,3 часа дневно во интеракција со дигиталните медиуми (од кои 3,6 часа на десктоп и лаптоп компјутери).
- Во светот на онлајн рекламирањето се појавуваат нови играчи. Иако Google и Facebook доминираат во оваа арена, Amazon, Twitter и Pinterest заедно пораснаа шест пати од 2017 година. Патем, најефективната маркетиншка алатка за промоција на стриминг услуги беа – бесплатните пробни периоди.
- Мобилното рекламирање сега изнесува 33% од вкупното огласување. Во 2010 година, тој удел беше 0,5 проценти. И покрај тоа, растот на приходите од дигитално огласување се намали: падна на 20% од 29% забележани минатата година.
- Е-трговија забележа раст од 12,4%. Обичната трговија исто така расте, но многу побавно (само 2%).
- Видео игрите за повеќе играчи како Fortnite се повеќе наликуваат на социјалните мрежи, што е важно бидејќи тие главно привлекуваат публика помлада од 17 години. За нивен раст се клучни платформите како Twitch и Discord.
- Сè повеќе користиме слики во комуникацијата. На пример, повеќе од 50% од сите твитови вклучуваат слика, а платформите како Instagram нè поттикнуваат на такво изразување.
- Секој четврти возрасен Американец тврди дека ретко се одвојува од интернет. На возраст од 18 до 29 години, овај удел се зголемува на 39 проценти.
- Платформите за разговори кои нудат автоматска или енкрипција од испраќачот до примачот стануваат сè попопуларни. Telegram, WhatsApp и сличните апликации со својот раст ги надминаат сервисите Twitter и WeChat.
- Приходите од услугите во облак им донесоа на Google, Amazon и Microsoft заедно 14 милијарди долари, 58% повеќе од претходната година. Во облак сега се складираат повеќе податоци отколку на сервисите на приватните компании и потрошувачки уреди.