Обединетото Кралство и Франција се очекува да забелажат значително поволни резултати во сферата на огласувачките инвестиции во 2024 година, со што ќе бидат најбрзо растечките пазари за огласување во регионот познат како ЕМЕА (Европа, Блискиот Исток и Африка).
Според компанијата за маркетинг истражувања WARC, глобалниот огласувачки пазар ќе забележи раст од 10,5%, како резултат на што ќе надмине вредност од еден трилион долар. Иако пазарите во Обединетото Кралство и Франција заостануваат околу 8% зад глобалниот огласувачки пазар, тие сепак ќе забележат значителна стапка на раст.
Во Европа, расходите за огласување во 2024 година се очекува да пораснат за 5% и да достигнат вкупна вредност 164,9 милијарди долари. Обединетото Кралство, како најголем пазар за огласување во Европа, се предвидува да порасне за 8% и да достигне вредност од 47,5 милијарди долари.
Освен Британците, значителен раст исто така ќе забележат огласувачите во Франција (+8%), Италија (+5,4%) и Германија (+4%). Големиот раст во Франција се должи на зголемената огласувачка активност поврзана со Олимписките и Параолимписките игри во Париз.
На Блискиот Исток, инвестициите за огласување се очекува да пораснат за 8,1%, но тоа е доведено во прашање доколку конфликтот во Газа добие поширок регионален карактер.