Сите агенции за пазарно комуницирање од регионот се повикани до 1 септември да ги пријават своите проекти на BalCannes
Најдобрите агенции со себе ќе понесат посебна награда – BalCannes лав, а оваа година ќе бидат доделени дури седум такви награди. Покрај главните награди за најдобра агенција и проект на BalCannes, и посебните награди од жирито на агенции, огласувачи и медиуми, ќе биде доделена награда и за најдобар проект за регионалниот пазар и најдобар проект за странскиот пазар.
Оваа година, најдобрите 25 проекти од регионот ќе бидат избрани од најголемо жири до сега, кое е составено дури од 25 претставници на клиенти, агенции и новинари. Бидејќи и на пазарот на сингерија на клиенти, агенции и медиуми се постигнуваат најдобри резултати, овогодинешното жири, на кое за прв пат ќе му се придружат и претставници на агенциите, ќе понуди најквалитетна селекција на проекти на BalCannes до сега.
Во организација на HURA (хрватското здружение за деловно комуницирање) и Weekend Media Festival, шестото издание на BalCannes, ревија на најдобрите регионални агенции за пазарно комуницирање и оваа година ќе се одржи во Ровињ, од 21 до 24 септември во просториите на старата фабрика за тутун, како тридневен фестивал кој оваа година ќе го прослави својот десетти роденден.
Своите проекти пријавете ги на www.balcannes.com.